Во периодот од 6 до 12 септември, пријавени се 13 нови случаи на голема кашлица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени се и по 3 случаи од Прилеп и Куманово и по еден од Кратово и Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од 5 месеци до 56 години, а најголем број на случаи се од возрасната група до 4 години.
„Во однос на вакциналниот статус на заболените, 9 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус и четири се вакцинирани согласно возраста. Од новите случаи, 6 се хоспитализирани“, информира ИЈЗ.
Од појавата на првиот случај, во Македонија се регистрирани вкупно 1.087 случаи на голема кашлица, што е неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Најголем број од заболените живеат во Скопје – 779, а во Куманово се пријавени 105 заболени лица. Во рамки на епидемијата во Тетово, пријавени се 64 заболени лица.