Српскиот актер Бранислав Лечиќ рано утрово доживеа сообраќајна несреќа, откри и како се чувствува.
Имено, Бранислав уште е во Ургентниот центар каде што се направени сите прегледи.
Удрил во нерамнина, а на помош му пришле и учесници во сообраќајот кои веднаш повикале Брза помош која го пренела во Ургентниот центар.
– Добро сум, фала Богу сега се е во најдобар ред. Инсистираа од итната медицинска помош да ги направиме сите прегледи, уште сум тука и добро сум. За момент изгубив контрола над возилото, па удрив во тротоарот, Момент на невнимание, беше и лизгаво. Но, сега се е во ред, изјави актерот.