Осум лица загинаа во текот на ноќта обидувајќи се да го преминат Ла Манш, каналот што ги дели Франција и Англија, соопшти француската полиција.
Спасувачките служби утринава околу 01:00 часот добиле дојава дека бродот е во неволја во водите северно од Булоњ на Мору.
– Загинаа неколку мигранти – соопштија од префектурата Па де Кале до агенцијата АФП.
Инцидентот се случи седум дена откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една бремена жена, загинаа кога брод со мигранти потона во близина на брегот на Франција.
Француските поморски служби соопштија дека во периодот од петок до сабота се спасени околу 200 луѓе.