Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А. М. (43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Имено, на 8.9.2024, пријавениот на земјен пат во с. Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М. К., соопшти полицијата.