Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ би уапсен синоќа на полноќ на граничниот премин Бајаково при влез во Хрватска. Тамошната полиција соопшти дека Трифуновиќ бил уапсен по спроведена истрага откако лани беше казнет во Сплит поради нарушување на јавниот ред и мир, по што на социјалните мрежи ги навредуваше хрватските полицајци.
Минатата година поради инцидентот во Сплит Трифуновиќ беше уапсен и казнет со 1.000 евра за чување на куче без надзор и 4.000 евра за навреда на службено лице.
Според хрватските медиуми, Трифуновиќ денеска повторно ќе биде изведен пред општинскиот суд за прекршоци, каде го чека ново судење.