Велешанката Теодора која заедно со нејзината двегодишна ќерка беа пријавени за исчезнати од домот на родителите пред три дена, биле пронајдени вчера во Струмица.
Според СВР Велес, мајката и ќерката се во добра состојба.
Теодора живеела во домот на своите родители, од каде заминала по расправија со таткото. Тој истиот ден пријавил дека ќерка му заедно со внуката се оддалечила, а потоа се појави апел и на социјалните мрежи за неа.