Едуардо Камавинга следната недела ќе започне да тренира заедно со своите соиграчи од Реал Мадрид, објави тренерот на европскиот клупски шампион, Карло Анчелоти.
Играчот за врска е повреден од натпреварот за Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Аталанта (2-0) во средината на август.
„Се чувствува добро и е многу важен за нашиот состав. Со него ќе можеме да правиме ротации во средниот ред. Очекувам Камавинга да ги обнови тренинзите следната недела“, изјави Анчелоти за медиумите во Шпанија.
Првично беше планирано 21-годишниот француски репрезентативец да биде отсутен од терените најмалку шест недели.