Тажна вест од Србија ја потресе македонската фудбалска јавност вечерва. Дејан Костуранов, поранешниот голман на клубовите Македонија ЃП, Вардар, Силекс, Скопје, Охрид и Еуромилк, почина на само 38-годишна возраст.
Костуранов, кој по завршувањето на својата професионална кариера во 2016 година се пресели во Србија, работеше како тренер на голмани во аматерската репрезентација на Србија и беше дел од стручниот штаб на Раднички Ратково. Неговата последна активност беше пред два дена, кога со аматерската селекција на Србија обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции на квалификацискиот турнир во Стара Пазова.
Македонската фудбалска заедница загуби истакнат спортист и тренер, чиј придонес во македонскиот фудбал ќе остане запаметен.