Фудбалерите на Ривер Плата издвојуваа победа над Бока Јуниорс со 1-0 во големото аргентинско дерби.
Ривер Плата му го нанесоа првиот пораз на домашен терен во 2024 година.
Моментот на одлука се случи во 20 минута кога Лансини се најде на вистинското место и одбранетата топка од Ромеро ја смести во мрежата на Бока.
Домашните фудбалери се бореа и во 97 минута дојдоа до гол за 1-1, ама со помош на ВАР беше утврдено дека стрелецот Хименез играл и со рака при постигнувањето на погодокот по што истиот беше поништет, па трите бода официјално отидоа кај избраниците на Марсело Галјардо.