Во текот на минатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.
Подигнати се 25 кубни метри градежен отпад одложен на јавни и сообраќајни површини во општината Чаир, во близина на градинката Фидани, како и повеќе диви депонии на булеварот Македонско-косовска бригада, во населбата Топаана. Повторно е интервенирано и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што е отстранета обемна дива депонија лоцирана на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија и неколку диви депонии лоцирани на улицата Никола Пушкаров во општината Ѓорче Петров, како и на булеварот Србија во скопската општина Аеродром.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/09/viber_image_2024-09-20_22-24-32-709-768x1024.jpg)
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/09/viber_image_2024-09-20_23-33-33-456-768x1024.jpg)
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/09/viber_image_2024-09-21_00-17-54-916-768x1024.jpg)
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/09/viber_image_2024-09-21_00-17-54-462-768x1024.jpg)