Вкупниот прилив на странски директни инвестиции (СДИ) на крајот на јули изнесува 501,96 милиони евра, а во исто време од земјата излегле 207,16 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка (ЦБЦГ).
Приливот на странски директни инвестиции во форма на капитални инвестиции изнесува 302,11 милиони евра, што е 60,19 отсто од вкупниот број. Од нив 237,25 милиони евра се инвестирани во недвижен имот, а 64,86 милиони евра во фирми и банки.
Приливот на СДИ во вид на меѓукомпаниски долг изнесува 181,24 милиони евра, што е за 15,02 отсто повеќе во однос на споредливиот период од претходната година.
Нето-приливот на странски директни инвестиции, односно разликата меѓу нивниот прилив и одлив, на крајот на јули изнесува 294,8 милиони евра, што е за 6,64 отсто повеќе во однос на истиот период лани.
Вкупниот прилив на странски директни инвестиции е помал за 0,84 отсто во однос на споредбениот период“, се наведува во Билтенот, пренесува Капитал.
Од Црна Гора се одлеале 56,32 милиони евра по основ на инвестиции на резиденти во странство, а повлекувањата на средства од нерезиденти инвестирани во Црна Гора изнесуваат 150,84 милиони.