Левица: Уште еден директор на царина – измислена функција за ЗНАМ

Интегрален текст од прес-конференција на пратеникот и портпарол на Левица – Амар Мециновиќ:

„Првите сто дена од Владата се окарактеризирани само по лаги и зголемување на привилегиите! Сега, за да се ухлебат кадрите на ЗНАМ, Собранието ќе измислува нова функција, тоа е заменик директор на Царината. Тоа што го ветуваше ВМРО-ДПМНЕ пред да дојде на власт, а тоа е намалување на државната управа, сега гледаме дека се одвива во друга насока!

Освен тоа што го зголемивме бројот на Министерства, иако опозицијата посочуваше на ова дека државата го зголемува државниот апарат, ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција тогаш лажеа дека ќе се оптимизираат непотребните места и функции. Но, сега гледаме дека тенденцијата на СДСМ и ДУИ, за зголемување на државниот апарат, на штета на граѓаните продолжува и во овој мандат..

Објаснувањето на пратениците од ЗНАМ дека нема да има финансиски импликации, очигледно не е точно! Измислувањето на нова позиција, секако дека ќе има финансиски импликации.

Крајно време е да прекине ова злоупотребување на државната управа и да се тргне во вистинско оптимизирање, а не зголемување на државниот апарат, само за нивните неспособни кадри да го најдат своето место!”

Треба да знаете
Последни објави