Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
После изјавата на Христијан Мицкоски јасно е дека власта ги извиси наставниците и оваа година нема да добијат повисоки плати, иако им следуваат согласно колективните договори.
Со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата. Наставниците и граѓаните знаат дека во изминатите седум години, владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55 отсто. Пари за континуирано зголемување на платите во образованието обезбедувавме и во годините на здравствена, економска и енергетска криза.
Платите требаше да продолжат да растат и овој септември да бидат покачени за 12%, но дојде ВМРО-ДПМНЕ и ја прекина низата на растот на плати во образованието.
Ова значи целосно фијаско на политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изневерени наставници и просветни работници.
Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија.
СДСМ бара власта да ја смени оваа погрешна политика и да ги покачи платите на наставниците и просветните работници, тоа е нејзина обврска.