Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го суспендираше денеска Градскиот стадион во Кавадарци поради инцидентот што се случи на неделниот прволигашки натпревар меѓу Тиквеш и Вардар.
Инцидентот се случи во финишот на дуелот кога втор асистент судија Гоце Петревски беше погоден од трибините со полно пластично шише по што натпреварот бил прекинат.
„Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпреварот од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22. септември“, соопшти ФФМ.
Комисијата за натпревари на ФФМ го регистрираше натпреварот меѓу Тиквеш и ФК Вардар со службена победа од 0:3 за гостинскиот тим.