Јувентус размислува да го потпише Виктор Осимен и да го доведе во своите редови од наредната година.
Нигериецот на почетокот на оваа сезона замина од Наполи во Галатасарај, а медиумите на Апенините веќе шпекулираат дека тој ќе се врати во Италија. Осимен во Галатасарај е позајмен играч, тој на крајот од сезоната ќе мора да се врати во Наполи.
Како главна причина се наведуваат лошата форма на Душан Влаховиќ. На последните три натпревари во Серија А, Јувентус не постигна ниту еден гол, а медимите вината ја врлија врз српскиот напаѓач.
Поради актуелната ситуација, челниците на Јувентус размислуваат да ангажираат напаѓач во јануари.