Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова деновиве го имаше своето прво учество на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации.
Давкова за САД замина на 20 септември, но деновите додека престојуваше во Њујорк, очигледно дека многу слабо ги користела за да оствари средби со други државници и меѓународни претставници.
Па така, Давкова за време на престојот во Њујорк успеа да се сретне само со еден државник и тоа претседателот на соседна Србија Александар Вучиќ.
Покрај Вучиќ, Давкова се сретна и со Самуел Жбогар кој сега е актуелен амбасадор на Словенија во ООН, како и со директорката на UN Women.
Иако во Њујорк пристигнале во ист ден, сепак, косовската претседателка Вјоса Осмени, за разлика од Давкова имала далеку побогата агенда.
Османи постетата на Њујорк ја искористила да се сретне со претседателот на Фиџи, претседателот на Мавританија, потоа со премиерот на Ерменија, како и со Султанот од Брунеи.
Покрај нив Османи се сретнала и со Бил и Хилари Клинтон, а го посетила и Вест Поинт.
Од регионот, се чини дека најнабиена агенда имал српскиот претседател Александар Вучиќ кој иако во Њујорк стигнал еден ден подоцна од Давкова и Османи успеал да се сретне со претседателите на Иран, Конго, Кипар, Турција, Ангола, Кенија, со премирите на Германија, Белгија, Грција, Данска, Норвешка, со министри за надворешни работи, со претставници на Голдман Сакс, Меѓународен монетарен фонд и други.