Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Ветувањата коишто ги слушавме во рамки на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ не се реализирани, едно слушавме пред изборите а сега гледаме дека се случува нешто друго. Во Собранието гледаме двојни аршини, последен пример е однесувањето на мнозинството за Законот за бранители, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.
-Двојни аршини на ВМРО-ДПМНЕ гледаме. Не го применија истиот принцип за Законот за бранители како што постапија за кредитот од Унгарија. За 20 минути претседателот на Собранието ја закажа Комисијата за финансирање и буџет за кредитот од Унгарија но одбива да ја закаже комисијата за Законот за бранители. Власта на ВМРО-ДПМНЕ отворено застанаа во одбрана на претседателот на Собранието, Гаши. Претседателот на Собранието има обврска да се однесува подеднакво за сите закони и за сите пратеници. ВМРО-ДПМНЕ треба да го побара тоа. Да беше искрена ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеше барање до претседателот на Собранието, рече Лукаревска.
Законот за бранители е поднесен од пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска уште на 01.07.2024 година, а ставен е на дневен ред во Собранието дури во септември, што значи седел во фиока толку време, потенцираше таа.
-ДПМНЕ треба да стоечки да ја поднесе критиката а не да обвинува некој друг. Во 2023 година токму ВМРО-ДМНЕ имаше поднесено ваков закон. Значи ли тоа дека сакале да прават политизација или дестабилизација? Сите знаеме колку е голема жртвата на овие луѓе и треба да се поддржи законското решение. Одговорноста во моментов е кај мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката Сања Лукаревска во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.