Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник на РСМ бр. 196/24) извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек.
Се контролираат и бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија.
Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката.