Иконата на хрватскиот ракомет, Мирза Џомба, го посети тимот на Алкалоид во Скопје и беше присутен на тренингот на првата екипа. Неговата присутност на тренингот на првиот тим беше инспиративна, а имаше и кратки средби и запознавање со ракометарите.
Мирза Џомба е освојувач на златен медал од Светско првенство и Олимписки игри со легендарната генерација на хрватската репрезентација. Своевремено славниот Хрват беше соиграч со Кирил Лазаров во хрватски РК Загреб и унгарски Веспрем.
По завршувањето на кариерата во спортот е активен во медиумскиот дел, па за време на краткиот престој во Скопје, ќе сними и ТВ емисија во која специјален гостин ќе биде Кирил Лазаров.