Манчестер Јунајтед го претрпе третиот пораз во шестиот лигашки меч во оваа сезона и тоа против Тотенхем кој го освои „Олд Трафорд“ со 3-0.
Овој резултат дефинитивно го зголеми притисокот врв менаџерот Ерик Тен Хаг, но Холанѓанецот не стравува од отказ и порачува дека сите се заедно во оваа приказна.
-Сите заедно донесовме оваа одлука да останеме заедно ова лето. Исто така, донесовме одлука со јасна идеја што треба да подобриме и како сакаме да изградиме тим, но знаевме дека ќе потрае некое време. Сите сме таму на иста страница, во ист брод – јас, играчите, раководството. Сите сме заедно, – изјави стратегот.