СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И. (57) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца”. На 10.01.2023 на регионален пат Тетово-село Пирок, полициски службеници запреле патничко возило „форд транзит”, кое било управувано од пријавениот, при што било констатирано дека истиот вршел јавен превоз без да поседува лиценца, издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Е. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. На 23.09.2023 во Тетово пријавениот изведувал градежни работи, односно изградба на објект, без одобрение за градба од надлежна институција.