Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа вонредни активностите за расчистување на повеќе обемни диви депонии во скопските општини Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир.
Во општината Сарај е интервенирано во спортско-рекреативниот центар „Матка“, каде што се отстранети приближно 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад.
Подигнати се и 50 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Војвода Васил Чакаларов и Брадфордска – во општината Карпош, Народен фронт – во општината Центар, Боро Менков и Костурска – во општината Бутел, како и на улиците Цветан Димов, Втора Македонска бригада и Македонско-косовска бригада во скопската општина Чаир.