Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од Соединетите Американски Држави (САД). Знам дека тоа беше повторено и на средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и македонската претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Ова денеска го изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер при нејзината посета на армискиот полигон „Криволак“, одговарајќи на новинарското прашање во која насока ќе се реализира најавената поддршка на САД за Северна Македонија, нешто за што беше разговарано и на средбата на двајцата претседатели.
На прашањето дали е разговарано за одредена сума на помош, Агелер рече дека не е посочена конкретна сума за која е дискутирано.
„Ние веќе соработуваме во голема мера, а ќе продолжиме да работиме да се прошири таа соработка. Во годината што следува има повеќе цели и предизвици што треба да се исполнат и за Армијата и за Министерството за одбрана. Како што кажав и претходно, вие ќе имате најголем поддржувач и партнер во остварување на овие цели во САД“,рече Агелер