По повод обвинувањата дека група на доктори биле незадоволни од директорката на болницата во Козле, Каролина Симоновска, се огласи токму Симоновска која рече дека обвинувањата се злонамерни од четири доктори во клиниката
Во однос на денешните обвинувања во јавноста, истите ги сметаме како тенденциозни, злонамерни и се однесуваат на лични интереси на само 4 доктори во клиниката. Одговорно информирам дека клиниката има комплетен тим за изведување на бронхоскопија со соодветна стручност на највисоко ниво за проблематиката која ја работи. Во тимот е бронхоскопист-орл специјалист кој е со докажани успеси со децении наназад, двете докторки кои обвинуваат дека не работат во бронхоскопскиот кабинет своеволно си заминаа со потпис бидејки бараа од мене како директор континуирани дополнителни финансиски сретства или ќе ја напуштат бронхоскопската екипа.
Сега се претставуваат во јавноста дека се загрижени за здравјето на децата но ако биле навистина загрижени за здравјето немаше своеволно да си заминат ,туку ќе останат и ќе се грижат за децата без уценувања. Ги замолувам медиумите да не подпаднуваат на ваквиот тип на клеветење и уште еднаш ве уверувам, дека тие докторки по секоја цена сакаат да ги исполнат своите лични интереси, а само ја залажуваат јавноста дека интересот им бил здравјето на децата . Истите истовремено прават и дополнителен немир во клиниката , ги навредуваат и другите специјалисти педијатри ,ги прават неспособни и дека без нив и нивните раководни позиции клиниката не може да функцинира .
Срамот е нивен ,а гледам дека сега им станува и јавен.