На крајот никој не се радуваше на победата на Реал Мадрид поради тешката повреда која ја заработи капитенот Дани Карвахал.
Шпанецот на ужасен начин го измести коленото во дуелот со Јереми Пино, по што веднаш стана јасно дека се работи за нешто сериозно.
Криците на десниот бек ги замолкнаа сите пристугни на „Сантијаго Бернабеу“, а неговите соиграчи брзо го обиколија и се обидоа да му дадат поддршка.
Карвахал во еден момент се обиде и да застане сам на нозе, но откако сфати дека не може, почна да плаче од болки и да си го прекрива лицето.
Овој шокантен момент го расипа впечатокот од големото саботно дерби во Ла Лига, па иако Дани беше испратен со аплауз, повеќе од јасно е дека го чека долга пауза од терените.