На 6-ти октомври 2024 година, во 21:13 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање кон возило во населбата „11 Октомври“. Според пријавата од лицето Б.Ј. од Скопје, непознато лице пукало од огнено оружје кон неговото возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа.
Полицијата од Полициската станица Кисела Вода веднаш извршила увид на местото на настанот, при што биле пронајдени четири чаури. Засега не се познати детали за сторителот, а органите на редот преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Истражните активности продолжуваат за да се утврдат сите околности и мотивите за нападот.