Ниту еден министер од албанската коалиција во Владата на Македонија денеска не дојде да се сретне со српскиот премиер Милош Вучевиќ.
Вучевиќ беше пречекан со највисоки државни и воени почести пред Владата, на приемот не се појави ниту првиот вицепремиер Изет Меџити, како и останатите министри од албанската коалиција, не присуствуваа.
На приемот, Вучевиќ ги поздрави останатите министри, меѓу кои беа вицепремиерите Александар Николоски и Иван Стоилковиќ, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, и министерката за енергетика Сања Божиновска. Отсуството на министрите од албанската коалиција предизвика вознемиреност и прашања во јавноста, особено во контекст на важноста на меѓуетничката соработка во Владата.