Тажна вест соопштија од Социјалистичката партија на Македонија – почина Игор Лазарев (1977 – 2024).
Тој беше член на Претседателството на Социјалистичката партија на Македонија, претседател на ОО СПМ Центар и член на Советот на Општина Ценатар.
– Не напушти нашиот Игор … Топол, искрен, непосреден, мудар и неуморен борец и посветен социјалист. Голема загуба за Партијата. Искрено сочувство за неговите најблиски за ненадоместивата загуба и големата болка. Вечна му слава! – се наведува во објавата од партијата.