Триесетгодишен Албанец е уапсен под сомнение дека ја убил сопругата (24) пред очите на нивните малолетни деца во семејната куќа во Сан Феличе а Канчело, кај Казерта, Италија.
Убиството се случило утрово околу 5 часот, а полицијата во куќата затекнала грозоморна сцена.
Мртвата жена лежела на подот додека нивните деца, на возраст од четири и шест години, биле покрај неа. Според реконструкцијата на настанот, мажот за време на расправијата збеснал и со голи раце ја задавил жената пред очите на децата.
Причината за расправијата сè уште не е позната, а во тек е полициска истрага.