Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи објави дека општината во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство или биле било како злоупотребени.
„Услугите на советување ќе се реализираат секој вторник во времетраење од 4 часа со почеток од 10:00 часот до 14:00 часот во просториите на Младински Центар, Општина Центар.
Општина Центар продолжува да се грижи за сите граѓани на кои им е потребна помош. Подадената рака значи пријателство, утеха и поттик да се продолжи и тогаш кога мислиме дека не може напред“, напиша Герасимовски.