Синоќа околу 01.50 часот во полицијата било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село, автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(34) од Скопје, излетал надвор од коловозот.
„Во несреќата, М.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје“, објави МВР.Извршен бил увид.