На социјалната мрежа Фејсбук како платена, односно спонзорирана објава се шири информација дека Интерпол заедно со МВР на Македонија прави акција за враќање на средства на измамени граѓани на интернет, што е уште една инвентивна измама повторно на интернет просторот, во која се бара да се пополн формулар во рок од 48 часа.
Од МВР вчера излегоа со апел, но и ние апелираме никако да не наседнувате на ваквата измама и да не ги оставате вашите лични податоци, ниту пак трансакциска сметка.