На 13.10.2024 околу 01.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во населба Точила во Прилеп, сопственост на Ф.Г..
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема, причинета била материјална штета.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.