Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители, јавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година.
Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.
Грижата за земјоделците е приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, велат од таму.