СДСМ: Највисок раст на економијата од 4,1 отсто во последните неколку години, од минус 1,8 за време на ВМРО-ДПМНЕ

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат  на раст на економијата, на бруто домашниот производ за првиот квартал за 2019 година од 4,1 отсто. Растот на економијата е директен показател за енормната разлика на домаќинското владеење на Владата преводена од СДСМ и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2017 за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, БДП изнесува минус 1,8 отсто.

За само 2 години од заробена, задолжена и осиромашена држава, нашата земја е блескав пример со силна и конкуретна економија. Создаваме развојна економија која нуди шанса за сите. Растот на економијата и БДП се доказ за успешната економска политика на Владата предводена од СДСМ и ги демантираат сите небулози на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави