Екипата на Фенербахче најде замена за Скоти Вилбекин, кој на натпреварот со Олимпијакос, во рамки на првото коло од Евролигата, се здоби со тешка повреда на коленото, поради која ќе отсуствува подолг период.
Како што објавија европските медиуми, Вилбекин во жолто-синиот“ дрес на Фенербахче ќе го замени Скајлар Мејс (27), кој очигледно не ги убедил челниците на Минесота Тимбервулфс дека треба да добие место во тој тим за следната сезона.
Покрај Минесота, Мејс играше и за Атланта, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд во НБА лигата.