Домашните кошаркари на Подгорицаодиграа одлични последни 10 минути во кои направија пресврт и стигнаа до триумф 90:79 над битолски Пелистерво АБА 2 лигата.
Три четвртини, добри, имаше македонскиот претставник на гостувањето во Црна Гора, но тоа не беше доволно за да стигне до победата.
Вкупно 24 поени и осум скокови дојдоа од Едвардс во редовите на битолската екипа, додека Мишковиќ забележа 12 поени и девет скокови.
По две одиграни кола битолчани се на половичен ефект (победа над Широки на домашен терен и пораз од Подгорица), а во третото коло од АБА 2 конкуренцијата на 30 октомври, ќе одиграат уште еден меч на домашен терен, оној против екипата на Џокер од Сомбор.