(Видео) Црногорец повикал пожарникари бидејќи во моторот му се сокрила змија

Сопственик на мотор повикал пожарникари бидејќи забележал дека змија се вовлекла во возилото што го паркирал кај Градскиот стадион во Подгорица.

Сцената го привлекла вниманието на минувачите, а пожарникарите по десетина минути ја извлекле змијата, наведувајќи дека не станува збор за отровница.

Тие змијата ќе ја вратат во природно живеалиште, пренесе порталот ЦдМ.

Овој период од годината е вообичаен за змиите, а во Црна Гора живеат 15 видови на змии.

Треба да знаете
Последни објави