Следен противник на македонскиот ракометн шампион ќе биде полскиот тим Висла, а тренерот на домашните Бранислав Ангеловски, кој истакна дека неговата екипа доаѓа на гости да се надигрува.
„Висла е добро компонирана и селектирана екипа од шпански тренер како Сабате. Играат шпански систем со многу интернационални, екипа која пред неколку дена го победи Киелце и е актуелен шампион. Не е реална табелата во Лигата на шампионите на Висла, тие се далеку подобар тим од тоа што овие четири натпревари го покажуваат.
Ние имавме позитивна недела, одигравме одличен натпревар во Лигата на шампионите и добар дерби натпревар во македонското првенство. Имаме позитивна атмосфера, тоа ме радува и ќе одиме да се надигруваме со Висла, а не да гледаме да загубиме со помал број на голови. Тоа е една наша карактеристика. Имаме неколку повредени ракометари, но за неколку дена верувам дека ќе бидат здрави и спремни за добра претгстава“, рече Ангеловски.