По големиот успех на документарните филмови за Битлси кои се емитуваа во изминатите години, оваа есен ќе пристигне уште еден, кој ќе го анализира нивниот пробив на американскиот пазар во февруари 1964 година.
На 29 ноември на платформата Дизни плус (Disney +) ќе се емитува документарниот филм „Битлси ’64“ (The Beatles ’64), кој го продуцираше легендарниот Мартин Скорсезе, а кој покрај новопронајдените снимки од тој период, ќе вклучува и интервјуа со преостанатите членови на групата Пол Макартни и Ринго Стар, како и разговори со оние на кои „инвазијата“ на англискиот бенд имала важно влијание во нивните животи.
Според објавите на социјалните мрежи, архивските материјали содржат реставрирани снимки од првиот настап на Битлси на американската телевизија, во емисијата „Шоуто на Ед Саливан“, како и снимки од 4К од првиот концерт во САД, одржан во Вашингтон на 11 февруари 1964 година.
Филмот го режираше Дејвид Тедеши, видеата ги средувало студиото WingNut Films, додека Џулс Мартин, син на продуцентот на најважните песни и албуми на Битлси, Џорџ Мартин, го ремиксирал звукот и ги прочистил старото аудио ленти.