Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска погоди дел од западна Индонезија, но засега нема извештаи за сериозни материјални штети или повредени луѓе.
Земјотресот е регистриран на 40 километри источно од областа Сингкил во провинцијата Ацех, на длабочина од 37 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
Индонезискиот институт за метеорологија, климатологија и геофизика не издаде предупредување за цунами.