Градски натпревар по прва помош во категорија подмладок ќе организира денеска Црвен крст на Град Скопје со цел подигање на свеста кај младите за значењето на првата помош во секојдневниот живот.
Ќе има повеќе од 200 учесници – ученици од основните училишта на територија на Град Скопје, стручна служба, судии, манекени, шминкери на повреди, волонтери. Натпреварот ќе се одржува на Водно од 10 до 14 часот.
-Унапредувањето на здравјето и безбедниот живот на луѓето, како и првата помош, имаат централно место во нашата организација и со нив градиме издржан систем за привлекување и оспособување на нашите волонтери, соопшти организаторот на натпреварот.