Сопатничка тешко повредена при судир на мопед и моторцикл

Сопатничка била тешко повредена откако мопедот на кој се возела се судрил со моторцикл, вчера на крстосницата за прилепските села Кадино село, Ново Лагово и влезот за селото Галичани.

Според полицијата сообраќајката се случила во 13 часот. Моторцикл ,,херк“ без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(32) од селото Кадино Село се судрил со  мопед ,,вилта ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишна малолетничка од селото Галичани.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобила сопатничката од мопедот Д.К., а девојката што го управувала мопедот се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

Треба да знаете
Последни објави