Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество. ВМРО ДПМНЕ, освен што шири невистини, нема ама баш никаков кредибилитет да зборува за попис, се вели во соопштението на СДСМ.
Цели 11 години на власт ВМРО ДПМНЕ не успеаја да организира попис. Дури и оној што го започна, поради политички игри го прекина а потроши над 3 милиони евра народни пари.
Сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат.
Пописот беше најавен уште минатата година, оваа 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки.
За надминување на било какви препреки и негово успешно реализирање до крајот на месецов ќе биде спроведен и пробен попис во 13 општини.
Не е точно дека на ВМРО-ДПМНЕ не и бил оставен простор за забелешки во однос на законите.
Колку ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за законите и колку е лицемерно нивното однесување покажува само еден факт: од декември минатата година до ВМРО-ДПМНЕ е доставен на разгледување Изборниот законик и после 6 месеци партијата нема кажано ништо.
Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се соземе, ќе се организира и ќе најде потенцијал да го разгледа Изборниот законик и да соопшти став, доколку го има.
Очајните закани на ВМРО-ДПМНЕ се показател дека во опозициската партија ништо не се променило, таму се уште главен збор има Никола Груевски.
Неоговорноста и крајната деструктивност на ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо добро за државата и граѓаните освен блокади на процесите и обиди за забавување на напредокот на државата.
ВМРО ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека пописот не е тема за политизација и дека ќе биде реализиран како што доликува на една слободна, демократска и развиена земја.