Дел од трибината на стадионот на Коло Коло се се урна под тежина на навивачите на најтрофејниот чилеански фудбалски клуб.
Локалните медиуми јавија дека инцидентот на стадионот „Монументал” се случил за време на тренингот на фудбалерите на Коло Коло, кога се урнал покривот на една од трибините.
Првичните извештаи говорат дека во инцидентот, за среќа, нема загинати.
Повредени се најмалку десет навивачи.