Најдобриот кошаркар на Торонто, Кавал Ленард по четвртиот натпревар од финалната серија во НБА плејофот против Голден стејт, рече дека секогаш го става успехот на тимот пред лични достигнувања.
-Не играм индивидуална кошарка и не играм за навивачите. Имам само една цел – тоа е победа. Не сум заинтересиран за нови рекорди. Задоволен сум само кога моите напори имаат корист за тимот, вели Ленард во изјава за „ЕСПН”.
Во годинашниот плејоф, 27-годишниот Американец за 39 минути поминати по натпревар има просек оц 31,1 поен, 9,1 скок и 3,9 асистенции.
По четири натпревари од финалната серија на НБА, Торонто води против Голден стејт со резултат од 3-1. Следниот дуел е закажан за 11 јуни.