Полицијата го уапсила О.А.(29) од Скопје, осомничен дека со „калашников“ уби момче, пред две години во населбата Чаир, информираше МВР.
-Денеска (9.6.2019) на локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го приведоа О.А. од Скопје, кој се бараше за извршено кривично дело „убиство“ извршено на 20.12.2017 година. Тогаш на улицата Џон Кенеди пред угостителски објект беше убиен Бурим Идризи(24) од Скопје, велат од МВР.
Убиството се случило околу 17.40 часот на автобуската станица кај училиштето „Цветан Димов“. Убиецот бил во автомобил „југо“ и од движење со автоматска пушка го застрелал момчето со десетина куршуми.