Жител на малиот град Оцучи во северниот дел од Јапонија, каде 2.000 лица го загубија животот во цунами во 2011 година, решил во својот двор да постави стара телефонска говорница во која се наоѓа исклучен црн телефон што служи за „разговор со починатите“.
Човекот кој за време на цунамито загубил дел од најблиските роднини, го користи телефонот за да се јави кај покојните, со цел неговите зборови да ги носи ветрот, пишува „Би-би-си“.
По ударот на цунамито кога се прошири веста за телефонската говорница, голем број луѓе дојдоа во Оцучи за симболично да стапат во контакт со оние кои ги загубиле и да се опростат со нив.