(Видео) Вработена во Основен суд Скопје зема 6.500 евра мито за промена на пресуда

На видео кое го објави порталот Досие.мк. се гледа вработена во Основен суд во Скопје како договара и зема поткуп за да договори пресуда. Се работи за вработена во оддел за стопански спорови.

Вработената од семејство на осуден за разбојништво побарала и добила 6500 евра за наводно да договори пресудата во Апелациониот суд да падне односно да биде укината. Семејството се согласило и и дале пари кои таа ги ставила во џеб, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење.

Треба да знаете
Последни објави