Шестмина осудени за силување и убиство на девојче во Индија чекаат пресуда

Шест од осум лица обвинети за силување, мачење и убиство на осумгодишното девојче од Кашмир, се прогласени за виновни за овој стравичен настан, пренесе Би-би-си.

Телото на девојчето, која припаѓа на муслиманско номадско племе, беше пронајдено 2018 година во шума, која се наоѓа во близина на градот Катуа. Сите обвинети мажи изјавиле дека се невини, а се работи за пензиониран службеник, четворица полицајци и еден малолетник. На малолетникот му се суди одделно, во согласност со индискиот закон за судење на малолетни лица.

Судот соопшти дека казните на шестмината обвинети ќе бидат изречени во 14 часот по локално време. Групното силување и убиството на малолетното девојче е еден од многуте стравични случаи на силувања на малолетници, поради кои во Индија неодамна беше воведен закон според кој се пропишува смртна казна на секој кој ќе биде осуден за силување на дете помладо од 12 години.

Мајката на девојчето бара смртна казна за двајца осудени, односно за пензионираниот службеник Сањија Рама и полицаецот Депака Кајури. За нив двајца смета дека се главни организатори на злосторството.

Треба да знаете
Последни објави